Утрински Весник
Македонија

Прекината седницата на Комисијата за европски прашања за законот за ЈО

Прекината седницата на Комисијата за европски прашања за законот за ЈО

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Прекината е седницата на собраниската Комисија за европски прашања на чиј дневен ред се законите за Јавно обвинителство и за Советот на јавни обвинители, поради ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО на државава најавена на пленарна седница што треба да почне во 15 часот. За нејзиното продолжение претседателот на Комисијата Артан Груби најави дека ќе извести дополнително.

– Денешниот ден е посветен на зачленувањето на нашата држава во НАТО и тука ќе ја прекинам работата на седницата, а за нејзино продолжување ќе ве известам дополнително, рече Груби.

Пред усвојување на дневниот ред на седницата пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ процедурално  побара да се повлече законот за ЈО, бидејќи, како што рече, нема одлука од Влада за новиот коригиран текст на законот, но неговото барање не беше прифатено.

Законот за ЈО на седницата го образложи министерката за правда Рената Дескоска истакнувајќи дека станува збор за комплементарен текст со европски стандарди којшто ќе овозможи навистина ефикасна борба против криминалот и корупцијата.

На текстот на законот за ЈО за кој власта тврди дека е обезбедена потребната двотретинска поддршка од пратениците, се поднесени два амандмана.

Собранието доцна синоќа ја утврди потребата двата закона да се носат по скратена постапка.Законот за јавното обвинителство по прексиноќешното зелено светло од Владата вчера влезе во собраниска процедура.мд/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот