Утрински Весник
Македонија

Пендаровски – Жидан: Словенија докажан поддржувач на Северна Македонија во секој аспект

Пендаровски – Жидан: Словенија докажан поддржувач на Северна Македонија во секој аспект

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Република Словенија е докажан пријател и поддржувач на Северна Македонија во секој аспект, особено во евроинтеграциските процеси, што беше потврдено и со брзата ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО во Државниот збор, порача претседателот Стево Пендаровски на денешната средба во Скопје со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Дејан Жидан.

На средбата, информираат од Кабинетот на Претседателот,  беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а Пендаровски истакна дека членството на земјава во НАТО позитивно ќе влијае на стабилноста и просперитетот на целиот регион.

Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, а во очекување на усвојување на новата методологија за водење на пристапните преговори, претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за одредување на датум за пристапни преговори за време на хрватското претседателство со Унијата.

На средбата беше разговарано за можностите за унапредување на односите меѓу двете држави, вклучително и на парламентарно ниво.вј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ