
На 28.11.2026 околу 08:00 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги лишија од слобода Б.З.(36) и 14-годишник, двајцата од Турција. При гранична и пасошка контрола било констатирано дека на увид приложиле бугарски патни исправи и лични карти за кои постои сомнение дека се фалсификувани.
Имено, при проверка во евиденцијата било утврдено дека ден претходно тие оствариле влез во државата на ГП Меѓународен аеродром Скопје со уредни турски патни исправи, а за излез се пријавиле со бугарски документи за кои постои сомнени дека се фалсификувани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


