Утрински Весник
Економија

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ

Мицкоски вели дека буџетот ќе им биде предизвик наредните две години. Треба да вратат долгови и камати, да го финансираат дефицитот и капиталните инвестиции. 


За долговите знаеме, ги гледаме секојдневно, растат. За капиталните инвестиции не знаеме бидејќи ги нема, освен ако не мисли на криминалните тендери. Тоа се „капитални инвестиции” ама за нивните џебови. 

Како не враќа долгови, кога ја задолжи земјата за 4 милијарди за само две години? Го зголеми долгот за 50% од независноста за само две години. Секоја недела ново задолжување. Буџетот е пресипување од шупливо во празно.

Она што Мицкоски треба да им одговори на граѓаните е: како може буџетот да биде предизвик кога сме трета економија во Европа? Како може да нема пари кога платите растат најбрзо во регионот, пензиите се зголемуваат со рекордно темпо, а земјата е најдобра во туризам и авиосообраќај, а бензинот и дизелот, како што вели, буквално се џабе? 

Поскапува цената на парното, наскоро и на струјата. Како кога статистиката зборува, а Мицкоски црта на табла. 

Рече бројките се „немилосрдни”. Да, покажуваат празни џебови и фрижидери. Граѓаните едвај крпат крај со крај. Тоа е статистика и тоа се тие немилосрдни бројки што граѓаните ги гледаат секојдневно.

Вистината е едноставна. Ја задолживте земјата повеќе за две години отколку сите претходни влади за 35 години. Пари има само за криминални тендери. 

За пензии кратите, има дупка во ПИОМ од 1 милијарди евра. Вториот столб се обидувате да го национализирате без да ги известите граѓаните. Минималната плата не ја кренавте. 

Кошничката е над 70.000 денари, со кирија за стан надминува 90.000 денари. ММФ не става на 41. место од 48 европски економии по БДП по жител. 

Тоа е реалност, а останатото се бајки на Мицкоски и неговата организирана криминална група.

Сега признавате дека буџетот е предизвик. Кога ќе снема пари за вашата пљачка, ќе барате избори. Граѓаните веќе знаат дека бајките не држат.

Држава, не банда.

Можете да прочитате

ИБУ, МАНУ и Турската академија на науките заеднички за одржлив економски развој

ИБУ, МАНУ и Турската академија на науките заеднички за одржлив економски развој

Министерството за енергетика и UNECE ја продолжуваат соработката за одржлива енергетска транзиција и поголемо учество на жените во секторот