Утрински Весник
Македонија

Одложено судењето за нападот врз охриѓанката Сара, ново рочиште закажано за 1 декември

321.webp.webp

Во Основниот суд во Охрид денеска беше одложено првото рочиште од судскиот процес против 31-годишниот охриѓанец Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната охриѓанка Сара Ѓ.. Ново рочиште е закажано на 1 декември.

Адвокатот на оштетената, Ѓоко Шаин, изјави дека процесот не почнал поради барање на одбраната за изземање на јавниот обвинител задолжен за предметот, како и на сите јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Охрид.


Одбраната побарала изземање и на судијката Александра Поп Стефанија и судијата Милчо Клишески, како и на претседателот на Основниот суд во Охрид, Бојан Мартиноски.

Шаин информираше дека барањата за изземање на судијката Поп Стефанија и судијата Клишески биле одбиени, додека за барањето за изземање на претседателот на Основниот суд во Охрид треба да се произнесе Апелацискиот суд во Битола.

Барањето за изземање на јавниот обвинител и обвинителите од ОЈО Охрид, според образложението изнесено на рочиштето, било доставено до охридското обвинителство непосредно пред почетокот на расправата. До произнесувањето на повисокиот јавен обвинител, ниту еден од обвинителите од ОЈО Охрид не може да постапува по предметот.

Шаин оцени дека барањата на одбраната имаат цел да ја одолговлекуваат постапката и да се избегне одговорноста на обвинетиот. 

Можете да прочитате

Царинска управа: Добар напредок во процесот на усогласување на царинското законодавство со ЕУ

Расчистено убиството кај Смилковско езеро во Скопје, уапсен 38-годишен скопјанец

Негативен природен прираст во третото тримесечје – за 647 повеќе умрени отколку родени