Утрински Весник
Магазин

Кина почна со тестирање на 6Г-технологијата во осум региони

6g tehnologija.jpg

Кина започна координирани пилот-програми за тестирање на 6Г-технологијата во осум региони, со цел да го забрза нејзиниот развој, индустриската примена и комерцијализацијата, објави кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Програмата, која кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија ја претстави на конференција во Шангај, предвидува развој и усовршување на уреди од новата генерација, чипови, компоненти, мерни инструменти и сателитски интернет.


Целта е да се забрзаат иновациите во примената на 6Г-технологијата во комуникациите, индустриското производство, комерцијалниот сообраќај со дронови и поморската економија.

Кинеското министерство уште во јуни претстави национален план за координиран развој на 6Г-технологијата, а новата програма треба да ја подобри соработката меѓу централните и регионалните власти.

Кина настојува да го забрза преминот на технолошките иновации од лабораториите во практична примена.

До 2029 година се очекува да бидат развиени низа сопствени технолошки решенија, нови деловни модели и уреди што ќе ја поддржат идната комерцијална примена на 6Г-технологијата

Можете да прочитате

„Амазон“ ќе снима четврта сезона на „Господар на прстените: Прстените на моќта“

Ајри Шеј, Tessa Group: Иднината им припаѓа на бизнис моделите кои ги интегрираат енергетиката, напредните технологии и сајбер безбедноста

Професор од Беркли го укина оценувањето на домашните задачи поради вештачката интелигенција