Утрински Весник
Македонија

Уапсени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, осум возеле без положен возачки испит 

Soobrakjana.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, осум лица  управувале возило без положен возачки испит, и тоа: Е.Ш.(20), Б.Б.(29), Д.П.(18), Е.М.(31), Р.Ј.(25) и Ј.Ќ.(40), сите од Скопје, како и Б.К.(61) од Кичево и И.Ч.(36) од Прилеп.  Додека, пак, со активна забрана возеле 27-годишната Е.Д. и Б.Е.(27), двајцата од Скопје. 


По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Тошковски: Со поддршка од Европската Унија и конкретни реформи градиме модерна, професионална и ефикасна полиција

ДУИ: Вреди го потврди она што постојано го тврдиме – Законот за употреба на јазиците овозможува полагање стручни испити на албански јазик

Таткото и ќерките со кравите добија кривична пријава за „тешка телесна повреда“