Утрински Весник
Македонија

Таткото и ќерките со кравите добија кривична пријава за „тешка телесна повреда“

Kravikrivapalanka.jpg

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против три лица – татко и две ќерки поради сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и и се заканувале. Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата.


По пријавата се постапува во редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука. Наредено е вештачење на видот и карактерот на повредите на оштетената, а се обезбедуваат и други докази. Имајќи го предвид и претходното однесување на пријавените, како и другите постапки кои се водени и се водат против нив, надлежниот јавен обвинител врши проценка на потребата да предложи одредени мерки за претпазливост во текот на постапката.

Можете да прочитате

Уапсени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, осум возеле без положен возачки испит 

ДУИ: Вреди го потврди она што постојано го тврдиме – Законот за употреба на јазиците овозможува полагање стручни испити на албански јазик

Започнаа јавните расправи за новиот Кривичен законик – построги казни за корупција и злоупотреби, до 15 години затвор