Утрински Весник
Македонија

Богдановиќ: Вучиќ ужива голема доверба кај граѓаните во Македонија

Img 8987.jpeg

Српскиот претседател Александар Вучиќ ужива голема доверба кај граѓаните во Македонија, без оглед на нивната етничка припадност, оцени Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Богдановиќ ја поврза таа доверба со поддршката што Србија ѝ ја давала на Македонија во изминатите години. Како примери ги посочи обезбедувањето вакцини и помошта при гаснењето пожари. Решавањето на црковниот спор, според него, дополнително ги зближило двата народа.


Тој оцени дека добрите политички односи придонеле и за посилна економска соработка, повеќе инвестиции и развој на туризмот. Како една од заложбите на СДЛ го најави натамошното јакнење на економските, културните и туристичките врски меѓу Македонија и Србија.

Можете да прочитате

Богдановиќ со обвинувања до СДСМ поради критиките за српскиот културен центар и инвестициите

Богдановиќ за пораката до Вучиќ: Му се заблагодарив за сè што направи за Македонија

Богдановиќ за формирањето на СДЛ: Не најдовме разбирање за прашањата на српската заедница