Утрински Весник
Македонија

Богдановиќ: СДСМ веќе не е СДСМ – го обвини раководството за србофобија

Img 8982.jpeg

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во „Ноќно студио“ на 4ТВ откри дека со лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, разговарал за можноста повторно да се кандидира за градоначалник на Центар. Во тие разговори, како што рече, добил и понуда да се зачлени во партијата.

Богдановиќ посочи дека членството во ЗНАМ не го интересирало, а за нова градоначалничка кандидатура бил подготвен да размисли доколку партијата го поддржи. ЗНАМ на крајот одлучило да настапи со кандидат од сопствените редови.


Запрашан дали денес му е поблиску ЗНАМ или СДСМ, Богдановиќ упати остри критики кон раководството на неговата поранешна партија.

„СДСМ веќе не е СДСМ“, рече тој, додавајќи дека во партијата повеќе не ја препознава идеологијата во која верувал уште од младоста. Според него, просторот за различни мислења во СДСМ постепено се стеснувал, а членовите што изнесувале критички ставови, јавно или на партиски состаноци, и самите биле изложени на критики.

„Можам слободно да кажам и да го потврдам со одредени факти и аргументи дека СДСМ е станата србофобна партија“, изјави Богдановиќ.

Тој појасни дека оценката се однесува на партиското раководство. Со дел од поранешните сопартијци, како што рече, и денес одржува контакт, а многумина од нив се незадоволни од состојбите во СДСМ.

Можете да прочитате

Богдановиќ: Во СДСМ ме критикуваа затоа што го поддржав повикот на Црвенковски за дебата за францускиот предлог

Клековски најави самостојна Итна помош во Скопје, централен диспечер и нови возила

Сопствениците на пуштените крави осомничени дека тешко повредиле 67-годишна жена