Утрински Весник
Македонија

Филипче се сретна со Рама во Битола – без македонско знаме во кадарот

Img 8932.png

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се сретнал со албанскиот премиер Еди Рама на 22 ноември во албанскиот конзулат во Битола. На фотографијата од средбата зад двајцата политичари се гледаат знамето на Албанија и знамето на НАТО, додека македонското знаме не се гледа во кадарот. 

Фотографијата ја објавил на Фејсбук Агрон Демири, член на Извршниот одбор на СДСМ, а потоа ја повлекол, објави Телевизија 24. Според телевизијата, од СДСМ на прашањето за знамињата упатиле одговор да се побара од конзулатот. Партијата засега нема објавено официјално соопштение за средбата, а темите на разговорот не се соопштени. 


Рама престојуваше во земјава по повод пуштањето во употреба на заедничкиот систем за гранична контрола „One Stop Shop“ на преминот Ќафе Тана. На настанот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски. За време на посетата, Рама се сретна и со претставници на Вреди и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. 

Можете да прочитате

„Престани да ме удираш“ – Стојановиќ сведочи за врсничко насилство на паркинг во Аеродром

Интензивно врне снег на Стража

Мицкоски: И да си замине Димитриевски, имаме повеќе од 61 пратеник