Утрински Весник
Македонија

Дожд, снег на планините и засилен ветер: Денеска пристигнува постуден воздух

Vreme.jpg

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер ја очекува Македонија денеска, понеделник, 23 ноември. Со продорот на постуден воздух, на планините ќе има снег, а на дел од повисоките места врнежите ќе бидат мешавина од дожд и снег, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Ветерот претпладне ќе дува од западен, а попладне од северен правец. За ноќта кон понеделник УХМР предупреди на повремено силни налети над 70 километри на час, особено во западните делови.


Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, а максималните дневни од 8 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од променлив правец.

Во вторник се очекува сончево, но постудено време со мала до умерена облачност. Утринските температури ќе се спуштат од минус 4 до 3 степени, а дневните ќе достигнат од 6 до 14 степени. Долж Повардарието повремено ќе дува засилен северозападен ветер.

Нови врнежи се очекуваат кон крајот на среда во западните делови, а во четврток ќе бидат позастапени, со дожд во пониските и снег на повисоките места.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски вели дека ќе ја спаси Алта банка, зошто да ја спасува ако сè е во ред?

Превентивни активности на СВР Тетово за незаконита сеча на дрва

Ни ветија два милиони денари за спомен-обележјето, а сега сами собираме средства велат родителите од Кочани