Утрински Весник
Македонија

Поради метеж на терминалот Блаце, товарниот соовбраќај пренасочен од г.п Блаце кон бензиска „Дизел“

Stop.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

АМСМ соопшти дека утрово во 07:15 часот поради поголем метеж на терминал Блаце, товарниот Сообраќај е пренасочен од г.п Блаце према бензиска „Дизел“.


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2026 година започнa законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2027 година.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Бесплатни уролошки прегледи по повод Месецот на машкото здравје

Променливо облачно со повремен дожд

Жена од Турција пронајдена почината во стан во Аеродром