Утрински Весник
Македонија

Мицкоски со осудa за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

Image 2026 11 16 165437290.png

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид изразувајќи поддршка до нејзиното семејство и ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

Мицкоски, кој денеска се обрати од Брисел, рече дека неговото обраќање требало да биде посветено на сосема друга тема односно на состаноците и разговорите за борбата за интересите на Македонија во Белгија.


– За жал, до мене стигна ужасната вест која ги потресе охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка. Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото кое се случува – изјави Мицкоски, соопшти владината прес-служба.

Тој нагласи дека како човек и родител сака да изрази поддршка до семејството на девојката посочувајќи дека Владата ќе преземе сè што е во нејзина надлежност за сторителот да одговара пред правдата.

– Како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека сè ќе сториме како институција, и јас како претседател на Владата, лицето кое го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата – порача премиерот. 

Можете да прочитате

Кристијан Корабоски повторно приведен по нападот врз Сара

Филипче: Власта ја оддалечува државата од ЕУ, младите ја бараат иднината токму таму

Шумската полиција се засилува: Доделени уверенија на 81 полицаец и еден заменик-командир