Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Савески, до каде е кривичната пријава против Славески за Алта банка?

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Времето поминува а обвинителството молчи за Кривичната пријава поднесена од СДСМ за Алта банка.


Обвинителот Ненад Савески има обврска пред граѓаните да одговори: до каде е постапувањето по кривичната пријава против Трајко Славески и другите одговорни лица во Народната банка за Алта банка?

Дали е оформен предмет? Дали е определен обвинител што постапува? 

Кои дејствија се преземени?

Кривичната пријава е темелна, опширна и со конкретни правни аспекти и основани сомневања за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување. 

Трајко Славески е директно одговорен, тој ја даде дозволата и како што самиот призна во координација со Мицкоски ја донесоа пералницата на Вучиќ, криминалната Алта банка во Македонија.

Луѓето сега не можат да дојдат до своите пари, пензионерите до своите пензии, загрозен е и банкарскиот систем.

Обвинителството мора бргу да реагира за да спречи уништување на докази, заташкување, криење на сметки и трансакции.

СДСМ веќе побара да се преземат законски мерки за заштита на доказите и спречување евентуално влијание врз сведоците, вклучително и да се побара привремена забрана за вршење на должноста на Славески. 

Што е преземено од страна на Обвинителството?

Ниту една функција не смее да биде штит од одговорност. 

Обвинителството не смее да биде последната линија на одбрана на власта.

Савески, јавноста очекува одговор: до каде е кривичната пријава за Алта банка?

Можете да прочитате

Зајкова: Да не ви паднало на памет да ги штитите!

Институциите да престанат со декларативни осуди и да почнат со превенција и заштита на жртвите од родово базирано насилство

„Разговори за иднината“: Политичката корупција да не застарува и да се проверува имотот на функционерите