Утрински Весник
Македонија

Жена од Македонија загина во страшна сообраќајна несреќа во Албанија

Albsoo.webp.webp

Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и петмина повредени се случила денеска (14 ноември) во Албанија, во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер.

Меѓу загинатите е и 42-годишната М.Ф. од Тетово, која го загубила животот во директен судир меѓу два автомобила.


Според првичните информации од албанската полиција, несреќата се случила околу 10:15 часот, кога од засега неутврдени причини дошло до судир меѓу две патнички возила.

Во страшниот судир животот го загубиле две лица. Едната жртва е 42-годишниот Б.О. кој управувал со едниот автомобил, додека втората жртва е тетовката Малтина Ферати.

Ферати била сопатничка во автомобилот управуван од 45-годишниот А.Ф.

Уште пет лица биле пренесени во болница, каде што им била укажана потребната медицинска помош и биле извршени прегледи.

На местото на трагедијата пристигнале полициски и истражни екипи, кои извршуваат увид и работат на утврдување на точните околности под кои се случила несреќата.

Засега нема официјални информации за причините за судирот, ниту за степенот на повредите на останатите пет лица.

Можете да прочитате

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Ревизија – контрола или алиби?

ВЛЕН: Давор Мацура директно ги има купено акциите од сватот на Али Ахмети!