Утрински Весник
Македонија

19-годишник од Кочани вознемирувaл и ѝ се заканувал на девојка дека ќе објави експлицитни снимки

Policija.webp.webp

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.М.(19) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „полово вознемирување“ и „злоупотреба на туѓа снимка, фотографија, аудиозапис или спис со сексуално експлицитна содржина“.

Во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026, пријавениот преку мобилни апликации и уреди, направил експлицитни видеа и фотографии од 18-годишна девојка од виничко без нејзина согласност и преку социјални мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, ја вознемирувал и ѝ се заканувал дека видеата и снимките ќе ги направи достапни за трети лица.


Можете да прочитате

Тешко повредено четиригодишно девојче при пад од скали на семејната куќа

Новиот Кривичен законик и новиот Закон за кривичната постапка објавени на ЕНЕР

Со новото решение за субвенциониран оброк студентите ќе имаат многу привилегии, вели Мицкоски