
Обраќањето на пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, во Собранието беше проследено со реакции од клупите на ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски им возврати на пратениците, порачувајќи им таквото однесување да го практикуваат во својата партија.
Тој му се обрати и на еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кој гестикулирал со раката додека траело обраќањето. Спасовски му порача истиот гест да му го покаже на својот партиски лидер.



