Утрински Весник
Македонија

Шест противпожарни возила гаснат пожар во близина на Бит Пазар

Pozar.jpg

Пожар избувна во објект што се користи како куќа и магацин во близина на Бит Пазар во Скопје. На терен интервенираат екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје со шест противпожарни возила, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Причината за пожарот засега е непозната, а од ЦУК сè уште нема информации за евентуални повредени или за обемот на материјалната штета.


Од ЦУК најавија дека повеќе детали ќе соопштат по завршувањето на интервенцијата.

Можете да прочитате

Димче Арсовски е нов директор на МКЦ, Бени Шаќири станува советник на Орце Ѓорѓиевски

АА: Правосудниот испит – уште едно неисполнето ветување на ВЛЕН

ЛДП: Народот пресече, за 48 часа над 10.000 потписи против институционалната слепост за насилството врз жените!