Утрински Весник
Економија

„Големи правила за мали бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?” тркалезна маса по повод Меѓународниот ден на сметководството

Logo isos.jpg


По повод 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството,  утре (вторник, 10.11.2026), во хотелот „Холидеј Ин”, Скопје, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи тркалезната маса на тема „Големи правила за мали бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?”. 

Тркалезната маса се организира по повод 10 ноември – Меѓународниот ден на сметководството и е посветена на можностите за поедноставно финансиско известување и намалување на административниот товар за микро, малите и средните претпријатија.


Во фокусот на дискусијата ќе бидат приспособувањето на сметководствените обврски кон големината и потребите на фирмите. Ќе бидат разгледани и предлози за поедноставни правила за најмалите фирми и за формирање заедничка стручна работна група со надлежните институции и бизнис-заедницата.

На настанот ќе учествуваат претставници на институциите, стопанските комори, банкарскиот сектор и академската заедница, како и претставници на микро, малите и средните претпријатија и на сметководствената и ревизорската професија.

Можете да прочитате

Статистиката предупредува: Рударството бележи пад од 7,7%, потребен е нов пристап

Од полноќ големо намалување на цените на горивата

Рекордно издание на Регионалната конференција за е-трговија: Над 900 учесници од повеќе од 12 земји