Утрински Весник
Спорт

Пораз на македонските ракометари од Грција

898658406 1156697350146827 7969446983077305180 n.jpg

Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз на гостувањето во Халкида од Грција со 29:24 во дуелот од 2.коло од квалификациската група. Нашата репрезентација одигра лошо прво полувреме во која противникот ги искористи своите шанси и на полувреме имаше предност од 16:9.

На почетокот на вториот дел Грција имаше водство и од 19:10, но македонскиот тим успеа да намали на 19:13. Во финишот на дуелот домашната репрезентација повторно имаше предност од девет разлика – 28:19 и 29:20, но со серија од 4-0 во последните минути македонската репрезентација стигна до негатива од 29:24.


Михаил Статис кај Грција и Филип Кузмановски кај македонскиот тим, двајцата со по 7 голови беа најефикасни. Голмнаите Петрос Буковинас кај Грција и Македонецот Мартин Томовски имаа по 11 одбрани.

На вториот дуел од групата Луксембург – Шведска 20:50.

Шведска е прва во групата пред со 4 бодови, македонските ракометари имаат 2, колку и селекцијата на Грција, а Луксембург е последен без бод.

Македонскиот тим следниот натпревар го игра на домашен терен со Шведска на 10. март 2027 година. 

Можете да прочитате

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА