Утрински Весник
Македонија

Четири години издавал лажни документи за бракови на странски државјани – кривична пријава за матичар

Tetovo Policija.jpg

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.З.(66) од с. Слупчане, Општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.

„Во текот на 2021, 2022, 2023 и 2024 пријавениот, во својство на службено лице–матичар во Управа за водење на матични книги, месна заедница во с. Слупчане, внесувал невистинити податоци и изготвувал невистинити изводи за странски државјани, прикажувајќи дека наводно склучиле брак пред пријавениот“, велат од МВР.


Можете да прочитате

НБРМ: Три олеснувања за клиентите на „АЛТА банка“: повисок лимит, нови шалтери и целосна исплата на новите приливи

ТИТАН Усје и ПМФ со нов меморандум ја продлабочуваат соработката во поддршка на науката и образованието

Притвор за двајца членови на кумановската криминална група, еден во куќен притвор – пасош одземен и на нотар