Утрински Весник
Македонија

Сончеви периоди и утринска магла: Денеска до 18 степени, викендот носи постудени утра

Vreme1.webp.webp

Променливо облачно време со сончеви периоди се очекува денеска, петок, 6 ноември, во Македонија. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури ќе се движат од нула до осум степени. Во текот на денот најтопло ќе биде во Гевгелија, каде што се очекуваат 18 степени.


Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне 17 степени.

Стабилното време со сончеви периоди ќе продолжи и за викендот, но утрата ќе бидат постудени. На одделни места температурите ќе се спуштат под нулата, а во котлините повторно ќе има услови за магла.

Од почетокот до средината на следната седмица се очекува попроменливо време, со услови за слаб локален дожд во текот на денот.

Можете да прочитате

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети Албанци

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!” – Рокас му одговара: Во вашата васт, премиере!

Платформата 12:05 бара државен план за Македонија да се приклучи кон Албанија и Црна Гора на патот кон ЕУ