Утрински Весник
Македонија

Шасивари – О’Калахан: Ирска е важен партнер во унапредувањето на реформите и европската агенда

890616919 1447239390892266 1083377300679946893 n.jpg

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари билатерална средба со министерот за правда на Ирска, Џим О’Калахан, во рамките на Министерскиот форум ЕУ–Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржува во Будва, Црна Гора. Во фокусот на средбата беа продлабочувањето на соработката меѓу двете земји и поддршката на Ирска за процесот на европска интеграција.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка на Ирска за нашата земја, како и за нејзиниот ангажман за време на претседавањето со Советот на ЕУ, нагласувајќи ја важноста од продолжување и зајакнување на ова партнерство.


На средбата, министерот го информираше ирскиот колега за реформската агенда на државата, со посебен акцент на подготовката на новиот Кривичен законик, новиот Закон за кривичната постапка, Законот за Јавното обвинителство, Законот за судскиот буџет и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

Една од клучните теми беше дигитализацијата на правосудството. Министерот Шасивари побара поддршка, експертиза и искуство од Ирска во подготовката и спроведувањето на Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудството, со цел модернизација на услугите и зголемување на институционалната ефикасност.

Во разговорите беше истакната и важноста на Извештајот на Европската комисија за 2026 година, чии препораки претставуваат значајна насока во спроведувањето на реформските приоритети.

Министерот Шасивари нагласи дека реформите во правосудството бараат одлучност, одговорност и стабилни европски партнерства, со цел изградба на поефикасен и модерен правосуден систем.

Можете да прочитате

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан”

Савески: Обвинителството ја следи ситуацијата со Алта банка, засега е рано да се зборува за истрага