Утрински Весник
Македонија

Момчето ја убил 17годишната девојка а потоа сам си пресудил – детали за трагедијата кај Богданци

Policija Lenta.png

Богданци денеска го потресе тешка трагедија, откако две безживотни тела беа пронајдени во и околу опожарено возило на неколку километри од градот.

Според новите детали во возилото е пронајдена седумнаесетгодишна која била убиена од нејзиниот 21 годишен партнер кој подоцна се самоубил.


Според информациите од институциите, девојката претходно пријавила физичко насилство од својот партнер.

Само еден месец претходно, на 30 септември, тој физички ја нападнал во својот дом, а на 1 октомври бил лишен од слобода.

Сомневањата дека убиство и самоубиство се случило кај Горно Село близу Богданци ги потврдуваат и од надлежното јавно обвинителство.

„Првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, меѓутоа настанот ќе биде во целост испитан“ се вели во соопштението на Обвинителство.

Оттаму додаваат дека јавен обвинител излегол на терен и  дека еИздадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а обезбедени се и снимки од видео надзор.

Можете да прочитате

Девојката веќе еднаш се спасила бегајќи преку прозорец – момчето и се заканувало со смрт, а минувачи повикале полиција

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор

Сиљановска-Давкова се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте