Утрински Весник
Македонија

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат уреди за констатирање сообраќајни прекршоци 

D216967e 67d3 4bf1 89cf 3810448fe329.jpeg

Во 2027 година возилата на Министерството за внатрешни работи ќе бидат воедно и уреди што ќе констатираат сообраќајни прекршоци каде што го нема  системот „Безбеден град“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека од почетокот на примената ќе бидат вклучени голем број возила на МВР, кои и лоцирани, но и во движење, ќе регистрираат прекршоци на учесници во сообраќајот.

Како што рече, возачите веќе научиле каде се поставени камерите на „Безбеден град“ и таму ги почитуваат правилата, но каде што нема камери – „повторно имаме поинаков тип на управување на моторно возило“. 


-Со возилата на МВР ќе можеме да детектираме, пред сè, управување моторно возило со несоодветна брзина. Ценам дека таков тип на контрола е нужен за да можеме да го смириме сообраќајот и таму каде што немаме поставено камери. Оние коишто несовесно ги управуваат моторните возила полека нучија каде се камерите, и тоа е добро. Е сега, не ќе можат да претпостават каде ќе бидат полициските возила. Тие ќе може да констатираат прекршок и тој директно ќе биде внесен во дигиталниот електронски систем за доставување, спроведување, процесирање на сите прекршоци, изјави Тошковски по промоцијата на Националната стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030.

Додаде дека оваа мерка ќе биде многу клучна, особено во насока на остварување на целите на стратегијата. 

Тошковски соопшти дека до крајот на овој месец во СВР Струмица и градовите што ги покрива овој сектор за внатрешни работи треба да заврши воведувањето на системот „Безбеден град“, а потоа ќе биде имплементиран во СВР Штип. Очекува до крајот на годинава или почетокот на 2027 системот да се применува на целата територија на државата.

Можете да прочитате

Над 20.000 евра „заработиле“ две лица кои менувале оценки на УГД Штип, ОЈО бара притвор

Сиљановска-Давкова се сретна со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија