
Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа предизборните митинзи во Канзас и Ајова, планирани за овој викенд пред изборите за Конгресот на 3 ноември. Наместо лични настапи, тој ќе одржи серија телефонски митинзи, одлука што покрена прашања за неговото здравје и замор по интензивната кампања, пишува „ Мирор“ .

Вчера, по враќањето од предизборен митинг во Јужна Каролина, Трамп го навреди новинарот на Ројтерс кој го праша дали се откажал од одењето во Канзас затоа што е уморен од патувања. Новинарот на Ројтерс, Џејкоб Богаџ, прво го праша како се чувствува по многуте патувања и како е неговото здравје. Трамп одговори дека се чувствува многу добро и изрази верување дека републиканците ќе постигнат добар резултат на изборите.
Потоа новинарот го праша дали неговата одлука да го откаже собирот во Канзас е затоа што е уморен од патување. Трамп веднаш одговори. „Болен си што го поставуваш тоа прашање. Болен си“, рече Трамп, а потоа го праша новинарот за кого работи. „Погледни го овој човек. Воопшто не е во форма“, рече Трамп, а потоа објасни зошто нема да патува во Канзас.
„Не одам во Канзас затоа што ми оди навистина добро. Ќе одржам конференциски повик. Утре одам во Флорида. По 28 состаноци ме прашува која е причината. Знаете која е причината? Не мислам дека морам да одам во Канзас“, рече Трамп, алудирајќи на републиканскиот сенатор Роџер Маршал.
Конечно, тој повторно му се обрати на новинарот на Ројтерс. „Ме следиш две недели. Се чувствувам одлично. Одвратен си, стави се во форма, изгледаш ужасно“, му рече Трамп.


