Утрински Весник
Свет

Путин бара завршување на судирите и укинување на санкции за да се стабилизира пазарот на гас

Gasovod.jpg

Претседателот на Русија, Владимир Путин на денешниот осми самит на Форум на земји извознички на гас (ГЕЦФ) наведе дека за стабилизација на светските берзи за гас потребно е да се разгледа завршување на актуелните судири и укинување на санкциите.

– Потребно е да се размислува за завршување на судирите кои се уште траат и укинување на санкциите. Сите санкции, по правило, се во корист на нелојалната конкуренција. На крај тоа доведува до тешки последици за сите, пред се за тие кои воведуваат санкции, посочи Путин.


Тој потенцира дека прекините во снабдувањето доведоа до намалување на снабдувањето на пазарот и повика на оптимизација на транспортните правци со цел да се зголемат испораките во услови на растечка побарувачка.

Путин предупреди дека обидите за исклучување на Русија од светскиот пазар на гас би можеле да имаат сериозни последици, нагласувајќи дека Москва е еден од клучните играчи во глобалната гасна индустрија, со најголеми резерви на природен гас и второ најголемо производство во светот.

Тој посочи дека Русија ја разгледува можноста за соработка со САД на Арктикот.

– Активно соработуваме со голем број земји на Арктикот и сме заинтересирани за заедничка работа. До неодамна, европските партнери работеа со нас на нашите наоѓалишта, како и кинеските партнери. Сега ја разгледуваме можноста за заедничка работа со американските партнери, наведе Путин.

Тој оцени дека Европа ѝ штети на сопствената индустрија и општествена сфера со напуштање на руските енергетски производи и раскинување на долгорочните договори за снабдување со гас.

Можете да прочитате

Израелските медиуми со различни резултати од излезните анкети за парламентарните избори

Во Конго регистрирани повеќе од 10.000 случаи на ебола – најбрзо растечка епидемија на болеста во историјата

САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија