Утрински Весник
Магазин

Кинески тренери почнаа обука на роботи кои самостојно ќе извршуваат домашни работи

Image 2026 10 18 204220920.png

Кина вработува тренери на роботи кои ќе го заменат човекот во извршување на секојдневни домашни работи како што се миење садови, диплење облека и чистење, за што можат да заработат од 600 до 900 долари месечно.

Обуката се врши со опрема за следење на движењата со која се снимаат нивните постапки, со цел да научат да ги применат.


За време на тестирањето, роботите мора да препознаваат предмети, да подигнуваат облека, да ја пренесуваат од една просторија во друга и да извршуваат повеќе меѓусебно поврзани задачи, во секакви околности. За таа цел експертите се стремат кон унапредување на машините, без при тоа да зависат од човечка помош.

Засега ваквата примена е сè уште невозможна бидејќи, како што велат експертите, иако роботите сè поуспешно ги покажуваат способностите, самостојното извршување на секојдневните домашни работи со непредвидливи промени и понатаму претставува голем технолошки предизвик. 

Можете да прочитате

Доцната вечера може да му штети на црниот дроб

Истражување: Доктори со поделени мислења за лековитото дејство на канабисот при несоница

Што да јадете кога стомакот е чувствителен? Шест намирници што полесно се поднесуваат