Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица при претреси во Кавадарци, пронајдена дрога

854290266 1145197144757191 8384969794363061267 n.jpg

На 16.10.2026 во 13:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.С.(35) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.10.2026 во 13:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци го лишија од слобода Н.А.(40) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, кафеава прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.


Можете да прочитате

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда