Утрински Весник
Македонија

Марш, „Непокор.Борба.Иднина„ на СДСМ во Прилеп – 85 години антифашизам

Marsh sdsm.jpeg

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание и 85-годишнината од почетокот на Народноослободителната и антифашистичката борба на македонскиот народ и другите националности, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре, сабота, 10 октомври 2026 година, во Прилеп ќе одржи марш под слоганот „Непокор.Борба.Иднина”.

Маршот ќе започне во 11:30 часот од (Паркот на револуцијата. Могилата на непобедените), а ќе заврши пред Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941″ – Участакот во Прилеп, каде што ќе се обрати претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.


Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

Николоски – Ивановиќ: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка