Утрински Весник
Економија

Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 на 10 отсто до 20 октомври

Goriva.png

Владата ја продолжува мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот од 18 отсто на 10 отсто до 20 октомври 2026 година.

Како што соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот Фејсбук профил, целта на одлуката е ублажување на ценовните притисоци врз домаќинствата и стопанството, како и одржување на економската стабилност.


– Продолжуваме со мерките за заштита на стандардот на граѓаните и стабилноста на домашната економија. Владата ја продолжува мерката за намалување на ДДВ за дизелот од 18 отсто на 10 отсто, до 20 октомври 2026 година. Со оваа мерка влијаеме врз малопродажните цени на горивата и ги ублажуваме надворешните ценовни притисоци, со цел да го намалиме финансискиот товар врз граѓаните и стопанството – напиша Димитриеска-Кочоска.

Додава дека надлежните институции остануваат фокусирани на движењата на глобалните берзи.

– Продолжуваме внимателно да ги следиме состојбите на меѓународните пазари и навремено да реагираме со мерки што придонесуваат за заштита на животниот стандард и економската стабилност – истакна министерката за финансии Димитриеска-Кочоска во објавата.

Можете да прочитате

Николоски-Зечевиќ: Подоброто транспортно поврзување меѓу Македонија и Црна Гора е клучно за економскиот развој на регионот

HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба својата прва батериска постројка за складирање електрична енергија во Солун

Не треба да се кратат веќе стекнатите права на работниците, вели Дурмиши