Утрински Весник
Магазин

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЈА РАЗВИВА РОБОТСКАТА ХИРУРГИЈА – НОВА ЕРА НА ПРЕЦИЗНА И МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНА ХИРУРГИЈА

Whatsapp image 2026 10 09 at 08.50.50.jpeg

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ отвори ново поглавје во развојот на современата хирургија со воведувањето на роботскиот систем MedBot Toumai® и формирањето на Центар за роботска хирургија. Со оваа инвестиција, напредната роботски асистирана хирургија за првпат стана достапна во Македонија, а „Аџибадем Систина“ стана единствен центар од ваков тип во Македонија, Косово и Албанија.

Воведувањето на роботската хирургија не претставува само имплементација на нова технологија, туку развој на современ хируршки концепт што ги обединува напредната медицинска технологија, знаењето и искуството на хируршките тимови и континуираната професионална едукација. Уште во фазата на имплементација, хирурзи од болницата поминаа низ специјализирана обука за работа со роботската технологија, со цел нејзина безбедна и постепена примена во различни хируршки области.


Роботскиот систем Toumai® овозможува тридимензионална визуализација со висока резолуција, повеќекратно зголемување на оперативното поле и исклучително прецизни и стабилни движења на инструментите. Роботот не работи самостојно – хирургот ја има целосната контрола и преку специјализирана конзола управува со секое движење на инструментите. На овој начин се овозможува висока прецизност и при интервенции во анатомски тешко достапни региони, со можност за максимално зачувување на околните нерви, крвни садови и ткива.

За пациентите, роботски асистираниот минимално инвазивен пристап носи повеќе придобивки – помали оперативни резови, помала загуба на крв и постоперативна болка, намален ризик од компликации, пократок престој во болница и побрзо враќање на секојдневните активности.

Првата роботски асистирана операција во „Аџибадем Систина“ беше радикална простатектомија со роботски асистирана лапароскопска лимфаденектомија кај 57-годишен пациент – комплексна интервенција за третман на карцином на простатата. Со оваа интервенција започна практичната примена на роботската хирургија во клиничката работа на болницата. Развојот на роботската хирургија продолжи со нејзина примена и во хирургијата на бубрегот. Уролошкиот тим на „Аџибадем Систина“ изведе роботски асистирана нефректомија кај 59-годишна пациентка со комплексен тумор на бубрег.

Покрај уролошките роботски асистирани интервенции, во „Аџибадем Систина“ успешно се изведуваат и гинеколошки роботски асистирани интервенции. Со примената на овие интервенции, Центарот за роботска хирургија постепено го проширува опсегот на  процедури и ја интегрира оваа технологија во современата хируршка практика на болницата.

Со инвестицијата во роботската технологија, континуираната едукација на медицинските тимови и постепеното воведување нови и покомплексни процедури, „Аџибадем Систина“ ја развива роботски асистираната хирургија како значаен дел од својата современа хируршка практика, со цел пациентите од земјата и регионот да добијат пристап до прецизно, безбедно и минимално инвазивно хируршко лекување според современите медицински стандарди.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 09 Октомври 2026 година

Принцот Хари откри дека паднал во депресија по преселбата во Канада – Не можев да функционирам, бев целосно исцрпен

Беше мис на Албанија, сега е спортска новинарка: 21-годишната Франческа ги запали социјалните мрежи