Утрински Весник
Економија

Цветаноски: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии – арамијата троши како да има бунар без дно

Simona czvetanoski.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО

Арамијата ја троши народната каса како да е бунар без дно. 


Троши ама не за граѓаните, не поголеми плати и пензии –  туку за криминални партиски тендери. 

И сега пари нема за до крајот на годината!

Состојбата со централниот Буџетот  е катастрофална. 

Буџетскиот дефицит ќе надмине 900 милиони евра.

Целиот планиран дефицит е веќе потрошен, нема пари за плати и пензии и тековни трошоци до крајот на годината.

Затоа нов ребаланс.  Втор само два месеци после последниот ребаланс. 

Ребалансот не е заради некакви мерки за горивата, тоа е уште една лага, ребалансот е поради катастрофалната состојба со буџетот и потфрлањата во приходите.

Наместо да скрати од непродуктивните трошења, да го запре луксузот и партиските тендери – повторно нови задолжувања. 

Како што најавивме.

Едното веќе го почнаа, 250 милиони евра за буџетски потреби до крајот на годината. Следува и задолжување од огромни 1,3 милијарди евра.

Не за развој, не за инвестиции што ќе донесат нови работни места – туку за да се покријат  дупките во касата.

Наместо да обезбеди стабилни приходи и одговорно трошење, трупа долг врз долг за да ги сервисира основните обврски.

За две години Мицкоски создаде нови 4 милијарди евра долг или колку половина од задолжувањата за 35 години.

Со долговите кон ЈПДП и другите јавни претпријатија долгот веќе надминува 63% од БДП. Каматите што државата ги плаќа годишно се зголемија од 120 на околу 350 милиони евра.

Овие милијарди долгови не се за повисоки плати, пензии, инвестиции и подобар стандард.

Тоа се пари што денес ги троши Мицкоски, а утре ќе ги враќаат граѓаните, затоа што кредитот не е приход, туку долг. 

Ова е резултатот од катастрофалните економските политики на Мицкоски –  раскрчмување на народната каса. Буџет што се полни со кредити, додека граѓаните едвај врзвуваат крај со крај.

Бајките на Мицкоски за „трета економија во Европа” паднаа во вода. Со Мицкоски државата се движи кон економски и социјален амбис.

Можете да прочитате

Серафимовски додели осум решенија за упис на корисници на заштитената географска ознака „Мариовски мед”

Димитриеска-Кочоска: Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста, туку е навремена реакција за заштита на граѓаните

Серафимовски: Со 9,5 милиони евра ги намалуваме трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта