Утрински Весник
Македонија

Пронајдено огревно дрво без документација во велешко, приведени три лица

840499162 2359615144865969 8727513100934010940 n.jpg

На 07.10.2026 во 15:10 часот во село Теово, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка и Отсекот за економски криминал при СВР Велес ги лишија од слобода Б.Н.(53) од село Лисиче, општина Чашка, С.К.(33) од село Горно Врановци, општина Чашка и 57-годишната Б.К. од Велес.

При контрола на терен, кај место викано „Присој“, атар на село Теово, било затекнато товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, од кои дел биле без жиг, а дел со жиг.


Б.Н. и С.К. не поседувале соодветна документација, а дрвата кои биле со жиг биле обележани со службен „чекан“ кој им го дала Б.К., вработена во ЈП „Национални Шуми“, подружница „Бабуна“ Велес.

Известен бил јавен обвинител, дрвата и останати предмети биле одземени и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Претрес во скопско, пронајдени дрога и оружје

Исмаил со демант: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари