Утрински Весник
Македонија

Focus on the Road – засилени контроли на МВР за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Image 2026 10 06 182012451.png

Во рамките на меѓународната кампања на ROADPOL – Focus on the Road, од вчера до 11 октомври, Министерството за внатрешни работи ќе спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Како што информираат од МВР, кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.


– Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира – велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот.

– Не дозволувајте еден поглед кон екранот да биде причина за сообраќајна трагедија. Возете внимателно – гледајте го патот. Телефонот оставете го за подоцна – апелираат од МВР. 

Можете да прочитате

Гаши: Децентрализацијата е важен демократски принцип за зајакнување на локалната самоуправа

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Министерот Зејнула презема важен ресор во Владата – меѓународни партнерства и странски инвестиции