Утрински Весник
Македонија

„Focus on the Road”- Засилени контроли за користење мобилни телефони и електронски уреди во сообраќајот

Fokus na patot2026.jpg

Од 5 до 11 октомври, во рамки на меѓународната кампања на ROADPOL „Focus on the Road”, Министерството за внатрешни работи спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон непрописна употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди при учество во сообраќајот.

Кампањата истовремено се реализира во 34 европски држави, со заедничка цел – намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.


Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни и целосно фокусирани на патот.

Можете да прочитате

Охрид по 11 години ќе го добие затворениот базен, обезбедени 470 милиони денари за довршување

Левица: ФЗО го скрати боледувањето на 5 дена – правата на работниците мора да бидат заштитени со закон, а не со правилник

Средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа