Утрински Весник
Македонија

Шасивари – Косма: Заеднички активности за унапредување на изборното законодавство

Image 2026 10 05 135706275.png

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со директорката на ИФЕС за Северна Македонија, Јоана Косма, на која разговараа за процесот на изборните реформи и натамошните чекори за унапредување на изборното законодавство.

Во фокусот на разговорот беше потребата овој процес да се води преку дијалог, вклучување на сите засегнати страни и изнаоѓање одржливи решенија кои ќе придонесат за зајакнување на довербата во изборниот процес.


Министерството за правда веќе презеде чекори за повторно воспоставување на дијалогот меѓу политичките чинители. Последната консултативна средба со претставниците на парламентарните партии беше дел од напорите за деблокирање на процесот и враќање на отворените прашања на маса за дискусија.

Шасивари истакна дека изборната реформа не може да биде едностран процес и дека нејзиното унапредување бара континуирана комуникација, подготвеност да се слушнат аргументите на сите страни и пристап насочен кон градење консензус.

Со Косма беше разговарано и за соработката со ИФЕС и искуството што оваа организација го носи во изборните процеси, како и за можностите оваа експертиза да биде искористена во натамошната работа на изборната реформа.

Можете да прочитате

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година

Жена и две деца повредени откако „пежо“ излетало од патот и се превртело

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија