Утрински Весник
Македонија

Претрес во дом на 18-годишен скопјанец, пронајден кокаин

Droga.jpg

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.В.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

На 04.10.2026, врз основа на Наредба од Основен кривичен суд Скопје извршен е претрес на дом, други простории и придружни објекти во с.Сингелиќ, скопско, каде престојувал, биле пронајдени и одземени две пакувања со бела грутчеста материја, за која по извршеното вештачење во Оддел за Форензички испитувања при МВР било констатирано дека грутчестата материја е кокаин со нето маса од 198,46 грама.


Можете да прочитате

Одбележан 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, доделени признанија на 13 најдобри наставници за учебната 2025-2026 година

Жена и две деца повредени откако „пежо“ излетало од патот и се превртело

Левица: Коцкарниците на народот му ја земаат платата, брзите кредити иднината – 1,6 милијарди евра завршиле во коцкарската индустрија