Утрински Весник
Македонија

Приведен жител од Старо Нагоричане за предизвикување пожар

Pozar.jpg

На 04.10.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Ф.М.(25) од с.Враготурце, Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека во селото предизвикал пожар.

Тој е приведен во полициска станица и по извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.


Можете да прочитате

Дебарчанец запалил сува трева и предизвикал пожар

Претрес во дом на 18-годишен скопјанец, пронајден кокаин

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ