Утрински Весник
Економија

Стопанската комора ќе предложи измени на Законот за празниците поради влијанието врз економијата

Stopanska komora.webp.webp

Стопанската комора денеска ќе ги презентира своите предлози за измени на Законот за празниците, во насока на оптимизирање на бројот на неработни денови и зголемување на продуктивноста и економската ефикасност.

На прес-конференција на тема „Празниците во Македонија и нивното влијание врз економијата“, Комората ќе ја претстави анализата на постојниот систем на празници во државата, како и споредба на бројот на неработни денови по основ на државни празници во земјава и во други европски земји во текот на 2026 година.


Можете да прочитате

Инвестиции што го менуваат секојдневието: инфраструктурата како двигател на локалниот развој

Почнуваат обуките за самовработување и претприемништво на ИНОВА и Агенцијата за вработување

Фискалниот совет ќе ги претстави анализите за одржливоста на пензискиот систем и состојбите во Вториот пензиски столб