Утрински Весник
Балкан

Во БиХ денеска се одржуваат општи избори

Saraevo.jpg

Во Босна и Херцеговина се одржуваат избори за членови на Претседателството и Парламентарното собрание на БиХ, Народното собрание на Република Српска и претседателот на РС, Парламентот на Федерацијата БиХ и кантонските собранија. Гласачките места се отворени од 07:00 до 19:00 часот.

Повеќе од 5.500 гласачки места низ Босна и Херцеговина беа отворени во 7 часот наутро, со што официјално започна гласањето на општите избори.


Секој гласач, во зависност од тоа каде гласа, добива четири гласачки ливчиња, а избрани се вкупно 518 носители на мандати.

За прв пат на општи избори се користи биометриска верификација на идентитетот, додека гласањето сè уште се врши на хартија – пополнетите гласачки ливчиња се пренесуваат низ скенер, а воведен е и побрз електронски пренос на резултатите.

Во случај на технички проблеми, ангажирани се повеќе од 4.000 оператори и околу 500 теренски техничари, а обезбедени се и алтернативни процедури доколку уредите не функционираат.

Граѓаните во Босна и Херцеговина денес ја избираат својата влада на речиси сите нивоа. Повеќе од 3,4 милиони гласачи го даваат својот глас, а се натпреваруваат 75 партии, 29 коалиции и четири независни кандидати.

Во тек е гласањето за тројца членови на Претседателството на БиХ, членови на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ и на Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, претседателот и двајца потпретседатели на Република Српска, членови на Народното собрание на РС, како и членови на собранијата на десетте кантони на Федерацијата БиХ.

Можете да прочитате

Невреме и големи поплави на Крит, оштетени куќи и автомобили уништени посеви

Рама: Европската Унија ја лаже Украина

Две лица загинаа во пожар во близина на Белград