Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник

Image 2026 10 02 114536647.png

Вештачката интелигенција не е веќе технологија на иднината, туку на сегашноста и вистинското прашање денес е какво место ќе имаме ние во таа промена, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски. 

Мицкоски, кој денеска се обрати на „Startup Revolution AI Summit“ во Скопје, порача дека Mакедонија не треба да биде набљудувач на новата технолошка револуција, туку нејзин активен учесник. 


– Вештачката интелигенција веќе не е технологија на иднината за која разговараме и се обидуваме да предвидиме како еден ден ќе влијае врз нашите животи. Таа е технологија на сегашноста, која веќе го менува начинот на кој работиме, учиме, комуницираме, произведуваме, лекуваме, истражуваме и создаваме компании. Затоа прашањето повеќе не е дали вештачката интелигенција ќе ги промени нашите економии и општества. Тоа веќе се случува. Вистинското прашање е какво место ќе имаме ние во таа промена – рече Мицкоски во обраќањето.

На претприемачите и сопствениците на компании им порача да не дозволат големината на домашниот пазар да ја определува големината на нивната амбиција. 

– Македонија не треба да биде набљудувач на новата технолошка револуција. Треба да биде нејзин активен учесник. Во економијата на знаењето географијата станува помалку важна, а талентот, образованието, брзината, креативноста и способноста една добра идеја да се претвори во производ стануваат поважни од големината на територијата или бројот на жители. Нашата амбиција треба да биде идеи, производи и компании создадени во Македонија да растат и да се натпреваруваат на европскиот и светскиот пазар – истакна Мицкоски.

Градете ја Македонија, но размислувајте глобално и никогаш не дозволувајте стравот од неуспех да биде посилен од желбата да создадете нешто ново, порача премиерот.

Можете да прочитате

Платформата 12:05 ги достави предлозите за структурни промени во СДСМ

„Ново ВЛТ“ не почнало со работа поради законски пречки – сведочеше директор во „Државна лотарија“

Иловица–Штука меѓу напредните рударски проекти во земјава, рударството бележи пад од 10,1%