Утрински Весник
Свет

Москва негира какви било разговори со Вашингтон за ублажување на санкциите

Moskva.webp.webp

Руските власти негираа дека преговарале со САД за можноста за ублажување на американските санкции во замена за ослободување на затворениците што Вашингтон ги смета за политички затвореници.

„Не, тоа не беше дискутирано“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кога беше прашан за извештаите во американското списание „Атлантик“ дека американскиот претседател Доналд Трамп понудил укинување на сите или дел од санкциите против Москва во замена за такви ослободувања.


„Категорично го отфрламе постоењето на какви било политички затвореници во Русија“, изјави Песков на прес.

Портпаролот на Кремљ додаде дека руските разузнавачки служби продолжуваат да одржуваат редовен контакт со своите колеги во врска со можните размени на затвореници.

Списанието „Атлантик“ во вторникот објави дека Вашингтон разгледува механизам за Москва да ослободи „политички затвореници“ во замена за ублажување на санкциите на САД кон Русија, потег што би можел да го отвори патот за обновување на одредени трговски односи.

Таа иницијатива му беше предложена на американскиот претседател Доналд Трамп од неговиот претставник Џон Коул, кој претходно преговараше со Белорусија за ослободување на стотици притвореници во замена за ублажување на санкциите, објави „Атлантик“.

Можете да прочитате

Хронологија: САД ја завршуваат воената присутност во Ирак по 23 години

Според истрага, повеќе од 270 свештеници во Масачусетс злоставувале деца со децении

Од судско депо на Фиџи исчезна кокаин во вредност од околу 14 милиони долари