Утрински Весник
Македонија

Загина возач на магистралниот пат Струмица-Радовиш, со товарно возило излетал од патот

Policija.jpeg

На 28.09.2026 во 12:40 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Василево и Владевци, струмичко, товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(48) од село Сушево, струмичко, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.


Увид на местото изврши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Можете да прочитате

Сузбиена криминална група од Скопје поврзана со тероризам и недозволена трговија со оружје

Филипче: 3% не е доволно зголемување – пензионерите немаат за да го преживеат месецот

За недела-две ќе бидат соопштени заменик-министрите, најави Мицкоски