Утрински Весник
Балкан

Во Приштина тринаесетта вечер по ред протест против хашката пресуда за поранешните лидери на ОВК

20260929074506 big 730x400 77.webp.webp

Граѓани на Приштина и на други градови во Косово и синоќа се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Приштина на протестот „Не во мое име“ против осудувачката пресуда на Меѓународниот суд во Хаг за поранешните лидери на ОВК.

Тоа беше тринаесетта вечер по ред како се одржува протестот.


Демонстрациите уследија откако косовското Собрание вчера ја усвои Декларацијата во врска со пресудата на Специјализираните судски совети во Хаг, со која пратениците оценија дека е „неприфатлив заклучокот за постоење здружен злосторнички потфат“.

Истовремено, сè погласни се и барањата во Собранието што поскоро да се отвори постапка за измени и дополнувања на нацрт-законот за Специјализираните совети.

Протестот „Не во мое име“ се одржува секоја вечер во Приштина од 16 септември, кога беше изречена судската пресуда во Хаг.

Специјализираниот судски совет во првостепена постапка ги осуди Хашим Тачи и Јакуп Красниќи на по 25 години затвор за воени злосторства, Кадри Весељи е осуден на 18, а Реџеп Селими на 13 години затвор.

Можете да прочитате

Во приватна клиника во Солун неовластено работело онколошко одделение и се вршеле хемотерапии

Штрајк во Загреб: Нема јавен превоз, ѓубрето не се собира

Вучиќ поднесе оставка од претседателската функција