
По повод 29 Септември – Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активност насочена кон подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на кардиоваскуларното здравје и превенцијата на кардиоваскуларните заболувања.
Денаска во 10:30 часот, тимови од ИЈЗ ќе имаат поставено пункт во трговскиот центар Дајмонд Мол каде граѓаните ќе може да добијат бесплатен преглед, како и совети од стручни лица.
Пунктот ќе биде посетен од министерот за здравство Д-р Сашо Клековски.
Активноста има за цел преку непосреден контакт со граѓаните да се испрати порака за важноста на редовната грижа за здравјето, навременото препознавање на ризик-факторите и усвојувањето здрави животни навики.


