Утрински Весник
Македонија

Втора работна сесија на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија

Image 2026 09 25 082948026.png

Во Собранието денеска ќе се одржи Втората работна сесија на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.

Во рамки на вчерашниот ден, беше отворен состанокот на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, со ко-претседавачите, пратеничката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер.


Василевска, отворајќи го состанокот, изрази благодарност до европратениците за континуираната и недвосмислена поддршка на процесот на проширување на Европската Унија.  

​Василевска повтори дека ЕП позитивно ги оценува постигнатите реформски чекори, стабилноста на меѓуетничките односи и високото ниво на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, препознавајќи нè како кредибилен и сигурен партнер на НАТО и на Унијата, вклучително и преку нашето учество во мисиите и операциите на Унијата.

Таа истакна дека сме свесни дека како земја-кандидат имаме јасна одговорност доследно да ги спроведуваме неопходните реформи и континуирано да ги усогласуваме нашите политики со европските стандарди и вредности, особено во областите на енергетиката, транспортот, трговијата, одбраната и безбедноста.  

​-Но, кредибилитетот на процесот на пристапување се темели на заемна доверба и исполнување на обврските од двете страни. Затоа, е од особено значење постигнатиот напредок на земјите кандидати да биде соодветно препознаен и вреднуван, а европската политика на проширување да остане предвидлива и конзистентна. Само преку таков пристап можеме да обезбедиме одржлив реформски процес, да ја зацврстиме европската перспектива на земјите кандидати и истовремено да придонесеме кон посилна, побединa и поотпорна Европска Унија, способна поефикасно да одговори на предизвиците на глобалната конкуренција – нагласи Василевска.

Таа оцени дека одложувањето на процесот на проширување може да влијае врз европската позиција и присуството во регионот, особено во услови на зголемена конкуренција на влијанија. ​Оттука, рече, важно е проширувањето да остане кредибилен, предвидлив и динамичен процес заснован на заслуги.

Карло Реслер рече дека земјава несомнено припаѓа во европското семејство. -Но исто така ни е јасно колку е долг и фрустрирачки овој пат кон евроинтеграциите за вашата земја. Сакаме да бидеме рамо до рамо со вас како Европски парламент, со вашите граѓани и со колегите во Собранието, истакна Реслер.

Пратениците вчера го усвоија записникот од 24. состанок на Мешовитиот комитет што се одржа на 26 и 27 ноември 2025 година во Стрзбур. 

Можете да прочитате

Засилени контроли на сладолед и мраз, изречени 45 казни при контролите на АХВ

АТС Грoуп: Компанијата не е и нема да биде инструмент за дневно-политички пресметки

АТС Грoуп: Компанијата не е и не а да биде инструментза дневно-политички пресметки – 24info.mk