Утрински Весник
Македонија

Муцунски на средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс

Image 1.jpeg

Попладнево во Њујорк, на маргините на Генералното собрание, министерот Муцунски оствари средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс.

Во фокусот на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство.


Акцентот на средбата беше ставен на реформските процеси, јакнењето на демократските институции, владеењето на правото, сојузништвото во НАТО и заедничкиот придонес кон европската и евроатлантската безбедност.

Соговорниците се осврнаа и на економската соработка, конкретните проекти преку партнерството „влада со влада” и иницијативите од Берлинскиот процес за поголема регионална поврзаност и економски развој.

Можете да прочитате

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот