
Работите за изградба на новата водоводна мрежа на кракот од улицата „Аврам Писевски”, во населбата Гази Баба, влегуваат во завршна фаза. Во соработка со ЈП „Водовод и канализација” реализирано е поврзувањето на овој крак со главната водоводна мрежа, со што се заокружува изградбата на новата мрежа.
На новата водоводна мрежа веќе се приклучени околу 45 домаќинства, а работите се изведени според високи стандарди на изведба и квалитет. Работите на терен одблиску ги следеше претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези.
Проектот се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Со завршувањето на оваа фаза се создаваат услови за преминување кон следната фаза, која предвидува целосно асфалтирање на улицата „Аврам Писевски”.


